Коалицијата ВЛЕН го објави отворањето на меѓународниот тендер за изградба на 400 kV интерконективна врска помеѓу Северна Македонија и Албанија, еден од, како што велат, најважните стратешки проекти за енергетската иднина на нашата земја.

„Овој голем успех е резултат на јасната визија и непоколебливата посветеност на директорот на МЕПСО , г-дин Бурим Латифи, и новиот менаџмент, кои со висок професионализам и целосна транспарентност го вратија на вистинскиот пат проектот што со години беше запоставен. Оваа витална интерконекција ќе ја позиционира Северна Македонија како клучен енергетски центар во регионот, ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето и ќе создаде нови можности за развој на капацитети за обновлива енергија“, велат од ВЛЕН.