Коалицијата ВЛЕН го истакнува недвосмисленото единство и посветеност на заедничките
принципи, вредности, идеологија и програмски заложби. Како што споделивме со јавноста, ние сме
посветени ВЛЕН да прерасне и да се развива во политичко движење кое ќе одговори на потребите
на Албанците со добро дефинирани стратешки чекори.

Во овие времиња на тектонски политички промени, во кои ДУИ и нејзините сателити во опозицијата
секојдневно клеветат, измислуваат и подготвуваат амбиент за оспорување на придобивките на
Охридскиот договор заради заштита на криминалот, од суштинско значење е да се обединуваме
уште посилно и да работиме заедно за да одговориме на потребите на граѓаните, особено
Албанците. ВЛЕН е изграден врз принципите на правда, транспарентност и посветеност за
обезбедување повисок животен стандард на граѓаните. Нашата политичка издржливост е нашата
најголема сила и претставува вистинска гаранција дека граѓаните можат да се потпрат на нас за
ефективно и правично служење исклучиво во нивен интерес.

Нашата цел е ВЛЕН да биде политичкиот партнер кој не само што ќе ги идентификува и решава
секојдневните проблеми на Албанците, туку и ќе нуди конкретни и остварливи решенија за
поставување фундаменти за сигурна иднина. Сметаме дека со добро дефинирани чекори и одлучни
делувања можеме да ги донесеме потребните промени и да изградиме подобро утре за сите.

Почитувани граѓани, после формирањето на Политичкото координативно тело на ВЛЕН следи и
формирањето на Комисијата за прашањата на изборите, именувањата и надзор на спроведување
на политиките.

ВЛЕН останува посветен на својата мисија да ги заштити и промовира интересите на граѓаните и да
обезбеди правично и одговорно владеење. Заедно ќе продолжиме да одиме напред со храброст и
одлучност.

ВЛЕН е единството на Албанците!