Одбележувањето на државните празници годинава ќе чини речиси еден милион евра, што е половина од вкупната сума потрошена за три години. Една третина од парите потрошени за организирање прослави завршиле во фирмата Арбериа Десинг, објави Радио Слободна Европа.
Како што се вели во нивниот текст, во изминативе три години од државната каса се одвоени речиси два милиони евра само за прослави и одбележување на државни празници, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки.
Само годинава за одбележување на шест државни празници и два настани како Преспа Форум и Отворен Балкан се предвидени да се потрошат 998 илјади евра. Тендерите за овие настани ги добиваат најчесто две компании Арбериа Десигн и Скопје Филм студио.
Во топ пет листата на компании кои редовно ги добиваат тендерите за организирање на владините прослави влегува компанијата Арбериа Десигн. Според податоците за изминативе три години на Бирото за јавни набавки оваа компанија е редовно ангажирана за организирање на прославите за годишнините од Охридскиот рамковен договор и за Денот на албанската азбука.
Целиот текст на Радио Слободна Европа