Дали компанијата „Брако“ ќе добие пари за трите изградени модуларни амбуланти, Владата допрва ќе одлучува. За да одлучи, Владата прво ќе го разгледа интерниот ревизорски извештај на Министерството за здравство што го нарачал поранешниот министер Беким Сали и останатите документи кои ги добила Владата. Компанијата на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев „Брако“, заврши три од предвидените 10 модуларни амбуланти, пишува Радио Слободна Европа.

Долгот се однесува на три модуларни амбуланти кои се под ингеренции на Здравствен дом Скопје, а се поставени во скопските општини Ново Лисиче, Бутел и Ѓорче Петров.

Целата вест на Радио Слободна Европа!