„Последната одлука на Владата, ќе зборувам за нашата институција, ни наметнува обврска да примиме тројца, од кои еден државен Советник, кога тој успеал да изгради кариера за државен советник во министерство за политички систем, која ќе биде соодветна за ДКСК до толку повеќе што неговата стручна подоготвка е факултет за исламска вероисповед, тоа е оџа. Што бара таква стручна спрема во нашата институција. Ние колку и да нашата систематизација не можеме да предвидиме работно место со таква стручна подготовка.“, изјави Билјана Ивановска, а пренесува ТВ21.
Според ДКСК, иако имало позитивен резултат во етнички вработувања, во изминатите години станал евидентен порастот на бројот на вработени без реални потреби и без просторни услови во институциите, а практиката покажала дека кандидатите за да се вработат ја наведуваат етничката припадност што се бара во конкурсот.
Целата вест на ТВ21.























