Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „конкретен одговор“ на рускиот ракетен напад врз станбен блок во градот Лавов, во западна Украина, во кој, според ажурираните податоци што ги објави украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко, загинаа четири лица, пренесуваат француските медиуми.
„Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи“, кажа Зеленски во објавата на каналот Телеграм, што беше придружена со видео на кое се гледа уништената зграда. „За жал, има загинати и повредени. Дефинитивно ќе има одговор на акциите на непријателот. И тоа конкретни“.
Американските медиуми го цитираат министерот Клименко во изјавата дека бројот на загинати, за кои претходно беше соопштено дека се тројца, сега се зголеми на најмалку четири, додека девет лица се ранети.
Russians hit Lviv, one of the safest places in Ukraine, with a rocket tonight. I was 2 km away from the site. The walls in the bathroom where I was hiding shook from the explosion. 4 dead, the death toll will probably rise. Meanwhile Russians on the www worry about cancel culture pic.twitter.com/58LQC2T9PJ
— Dr Sasha Dovzhyk (@sasha_weirdsley) July 6, 2023
Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовиј, изјави дека штрајкот предизвикал материјална штета на околу 60 домови и 50 автомобили.
Спасувачките тимови ги пребаруваат остатоците од зградата за да најдат повеќе луѓе кои можеби се затрупани под неа.
The first minutes after a Russian rocket hit civilians in Lviv , Yermak
We will not forgive 😡 pic.twitter.com/vfWNpqOuVM
— Day498🇺🇦UKRAINE LIVE🔴 LVIV MASSIVE EXPLOSION (@UkraineDiary) July 6, 2023
Садовиј во видео обраќање до сограѓаните кажа дека ова претставува најголем напад врз цивилната инфраструктура во Лавов од почетокот на инвазијата на Русија врз Украина, од 24 февруари минатата година.