Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа прогласи вонредна состојба на 60 дена откако водачот на една од најголемите криминални банди во земјата Адолфо Масијас избега од затвор каде ја отслужуваше казната.
No es la franja de gaza, es en Ecuador. dónde los militares están saliendo con tanques a las calles 💀💀 pic.twitter.com/1YaPpdqSKE
— Usuarios siendo domados (@sindicatodedom4) January 9, 2024
-Само што потпишав указ за вонредна состојба за вооружените сили да ја имаат сета политичка и правна поддршка за нивните постапки. Помина времето кога шверцерите на дрога, убијците и организираниот криминал и диктираат на владата што да прави, рече Нобоа.
За време на вонредната состојба армијата ќе биде распоредена на улиците и во затворите, а ќе биде воведен и ноќен полициски час.
🇪🇨 | Ecuador enfrenta una noche de tensión: el crimen organizado intensifica sus acciones tras la fuga del narcotraficante más notorio; el Presidente decreta estado de excepción y despliega militares, mientras se reportan atentados en distintas regiones. pic.twitter.com/qjzoPsjfxz
— UHN PLUS (@UHN_Plus) January 9, 2024
Во неделата Адолфо Масијас, водачот на криминалната банда Лос Чонерос, исчезна од затворот каде издржуваше казна од 34 години.
Вонредната состојба беше прогласена вчера и нејзините последици се меѓу првите големи безбедносни предизвици за Нобоа, кој ја презеде функцијата во ноември, ветувајќи дека ќе го спречи растечкото насилство во јужноамериканската земја.
⚠️ Breaking ⚠️
Ecuador is in chaos as Cartels are retaliating against President Daniel Noboa's Government and their plans to heavily crack down on the Cartels operations….Here, the gangs have taken hostages….#WeWantAnswers #Ecuador pic.twitter.com/SbiOaN5aVj
— Isaac’s Army (@ReturnOfKappy) January 9, 2024
Затворската агенција на Еквадор соопшти дека вчера имало „инциденти“ во шесте преполни затвори во земјата.
Во затворите во Еквадор често има судири меѓу ривалските банди, а од 2021 година во нив починале повеќе од 400 затвореници.