Украинското Министерство за одбрана објави видео од уништувањето на руската корвета „Ивановец“, која е дел од Црноморската флота. Бродот бил потопен од припадници на специјалната единица „Група 13“ на украинската воена служба.
Ship wreck of the day!
Warriors of the special unit "Group 13" of the @DI_Ukraine destroyed the missile corvette "Ivanovets" of the russian Black Sea Fleet.
As a result of a number of direct hits to the hull, the corvette was damaged, rolled to the stern, and sank. The value of… pic.twitter.com/JZwh8aggn0
— Defense of Ukraine (@DefenceU) February 1, 2024
Како резултат на повеќекратни директни удари во трупот, корветата била оштетена, превртена на крмата и потонала. Вредноста на бродот е околу 60-70 милиони долари. Руската корвета беше погодена од најмалку две, а можеби и три украински беспилотни летала (UAV). На видеото јасно се гледа дупка на средината на бродот од претходниот УСВ кога вториот УСВ налета во Ивановец. Спектакуларна експлозија на крајот го означува крајот на бродот.