Вработените во ЈП „Комунална хигиена“ ноќеска повторно излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа.

На протестот околу 1 часот по полноќ, како што пренесува „Порталб“ се појавила и директорката Косана Мазнева која со полициска асистенција инсистирала работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа.

И покрај убедувањето да се вратат на работа вработените одбиле со образложение дека немаат намера да отстапат од нивните барања.

По средбата на која присутвувала и полицијата, директорката Мазнева порачала дека разговорите ќе продолжат од понеделник.