Шест лица загинаа во големите шумски пожари што во текот на ноќта го зафатија хавајскиот остров Мауи, соопштија властите. Пожарите поттикнати од силните ветрови на ураганот Дора уништија корпоративни згради во историскиот град Лахаина и повредија најмалку дваесетина луѓе, соопштија официјални лица.
Terrifying video of wildfires coming out of Maui Hawaii
Follow @BotNews18 FOR MORE UPDATES #lahaina #maui #hawaii #frontstreet #lahainafire #vigilattemaui #MauiFires pic.twitter.com/zvdzJEgYrb
— Bot News (@BotNews18) August 10, 2023
Поради пожарите без изведени 13 евакуации.
Спасувачите на американската крајбрежна стража извлекоа десетина луѓе од океанот кај Лахаина, откако скокнаа во водата за да избегаат од пламените јазици и чадот. Лица кои се здобиле со изгореници биле префрлени на островот Оаху.
Американскиот претседател Џо Бајден нареди да се стават на располагање сите расположливи федерални средства и им изрази сочувство на жртвите.
New video from Front Street shows virtually all of downtown Lahaina has been burned down. pic.twitter.com/i4ViDhz8K7
— Colin McCarthy (@US_Stormwatch) August 9, 2023
Над Лахаина летале членови на американската цивилна воздушна патрола и пожарникарската служба во Мауи и откриле дека најмалку 271 објект е оштетен или уништен.
Here is a before and after picture of some of the fire damage in Lahaina HI#lahainafire #MauiFires #MauiCounty #Hawaiifire pic.twitter.com/qihCX9qC1i
— Crime With Bobby (@crimewithbobby) August 10, 2023
Но, проценката на целосниот обем на штетата може да потрае со недели или месеци, рече Махина Мартин, портпаролка на округот Мауи.
Ричард Бисен Џуниор, градоначалник на округот, објави дека се уште не е познато како и каде настрадале граѓаните. с