Ракетирањата на појасот Газа од страна на Израел продолжија и денеска, по нападите на милитантната група Хамас на израелска територија пред неколку дена. Бројот на жртвите во нападите на палестинскиот Хамас врз Израел кои започнаа во саботата надмина 1.200, речиси 3.000 луѓе се ранети, а судбината на 150 заробени и однесени во Појасот Газа се уште е нејасна.

Околу 950 Палестинци се убиени, а уште 5.000 се ранети во израелските воздушни напади во Појасот Газа од саботата.

Видеото на возач на брза помош како плаче го обиколи светот. Тој не можеше да издржи и плачесе седејќи во своето возило бидејќи не може сите да ги спаси и да ги превезе до болниците.