Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, правосилно осуден за „Титаник“, е однесен во затворот „Идризово“. Тој за „Макфакс“ на прашање каква му е здравствената состојба рече дека е под седативи, а порача дека се ќе помине и најважно е неговото семејство да биде добро.
Јанакиески оди во затвор, откако Апелација преиначи дел од пресудите за случајот „Титаник“, а дел ги потврди. На Јанакиески првостепената пресуда му е намалена од 4 години и 6 месеци, на 3 години и 6 месеци.
Видео: Пресс24.мк