Директорот на Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар Илбер Адеми, во видео кое стигнало до редакцијата „ПорталиИкс“, вели дека партијата одлучува кој ќе биде вработен, откако месецов таму беа примени 10 доктори и 10 медицински сестри, сите од албанска националност. Во видеото, веројатно снимено тајно, се слуша неговиот глас како на кандидат за вработување му вели дека на огласот имало еден куп кандидати, дека било пекол, но дека на крај не одлучува тој, туку партијата.























