Ни треба целосна реорганизација на здравството, зошто е во многу лоша кондиција, признава министерот за здравство Фатмир Меџити во неделното интервју на РСЕ.
Вели дека лошото менаџирање на некои здравствени установи, а не недостигот на пари, е причината за катастрофалните услови во некои од нив. Најавува укинување на економските директори од 1 јануари следната година, а одливот на лекари ќе го решава преку нудење работни места и повисоки плати.