Граѓаните сметаат дека членството во ЕУ ќе донесе успех преку пристап до големиот европски пазар

Според вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, граѓаните знаат дека преговорите со ЕУ се најдобар механизам за развој и подобрување на државата.

-Гласот на граѓаните за нас е најважен показател за следните чекори кои треба да ги направиме за да ги исполниме нивните очекувања. Европската иднина е реална и достижна, а придобивките од членството во ЕУ за граѓаните се многубројни, напиша Маричиќ на социјалните мрежи, споделувајќи видео анкета со граѓани од повеќе граѓаните ширум земјава.

Во анкетата тие истакнаа неколку придобивки од евроинтеграцијата, како што се економскиот развој и зајакнатото владеење на правото.

-Да влезе Македонија во ЕУ е добро, затоа што е последниот дел од еден процес во прилагодување на државата, на системот кај нас во функционален систем кој донесува подобар живот за граѓаните, вели еден од анкетираните.

-Младината ќе биде слободна и на работа и на се, сега вака не, смета граѓанин.

-Со влегувањето ќе има успех, изрази надеж анкетиран граѓанин.

-Имајќи предвид дека сепак се работи за една голема интеграција, една институција која е составена од многу држави што значи дека има широко отворен пазар, што значи дека Македонија би имала пристап до еден голем пазар од економски аспект. Од втора страна, мора да се земе предвид дека сепак владеењето на правото и усштината околу владеењето на правото коешто е проблем кај нас, сепак таму во Европската Унија е на повисоко ниво, ќе биде добар показател којшто нашите сегашни институции, правници, судии, сите оние што се занимаваат со круцијалните и клучните суштини околу државата во раководење, управување, дека треба да учат и имаат од кого да учат и ќе има со кого да се споредуваат, кажа анкетиран граѓанин.