Премиерот Димитар Ковачевски, на прес конференцијата, образложувајќи ги причините поради кои е добро да се изгласаат уставните измени и Македонија да стане членка на ЕУ, рече дека по официјалното членство сите пасоши на нашите сограѓани ќе ги вратиме на странските држави, бидејќи тогаш нема да им бидат потребни.
„Дента кога ќе станеме членови на Европската унија, сите заедно ќе ги собереме сите пасоши кои што нашите граѓани ги зеле со цел да работат и живеат во еу и ќе им ги вратиме на земјите од каде се земени бидејќи нема да им бидат потребни“, вели Ковачевски