Дрин, најмладата фиданка на фамилијата од Зајас е еден од тројцата бизнис-активни машки потомци од политичкото семејство на Али Ахмети.
39 %-те проценти од Соравиа се уште не му се заведени во Централниот регистар. Но му се заведени сопственички или управителски позиции во 4 фирми.
„Тхор индустрис“, фирма за за развој на градежни проекти со подружница за компјутерски консултантски услуги. „Еверест ЏД“ се занимава со нискоградба, има лиценца за ископ на минерални суровини и лиценца за хидроцентрала. „Хелиос плант“ и „Потам плант“ се фирми за производство на струја.
Но поврзаноста на фирмите го открива и братското бизнис стебло на семејството на лидерот на ДУИ од Зајас. Дрин и Бесиан се синови на Фекри Ахмети, кој му е брат на Али Ахмети. Со исто презиме веднаш до нив е Шкумбин Ахмети- синот на Ахмети, објави Код на Телма.
Целата стрија на Телма/КОД.