Прилепските пензионери денеска повторно го дигнаа својот глас. Велат дека нема да отстапат со протестите се до исполнувањето на нивното барање, линеарно покачување нa пензијата од по 3.500 денари на секој пензионер за септемвриската пензија, пренесува Сител.

„Нека слушнат дека ништо нема да има од тие нивни 6%. Значи 3.500 денари подеднакво за сите пензионери на Македонија. Нема да отстапиме и не ги прифаќаме тие 6%. Затоа нека не не потценуваат мора да ги добијаме тие 3.500 денари“, вели Верче Јанческа, пензионер

Повторно се обидоа да влезат во здружението на пензионери и да побараат поддршка од раководството, но не им беше дозволен влез во објектот од страна на приватно обезбедување. Пенизонерите велат како може да им биде забранет влез во објектот кој тие го плаќаат со свои пари.