Во видеото таа вели дека киднаперите се грижеле за неа. Се гледа и дека девојката е повредена, но ѝ укажуваат лекарска помош.

Тоа е прва снимка од заложник објавена од Хамас, а на видеото се вели дека таа била киднапирана на 7 октомври, денот кога Хамас изврши ненадеен напад врз јужен Израел.

„Јас сум Маја Шем, имам 21 година и доаѓам од Шохам. Моментално сум во Газа. Бев на фестивалот. Мојата рака е тешко повредена. Имав операција во болница во Газа, која траеше три часа. Се грижат за мене, ми даваат лекови, се е во ред. Единствено што сакам е што поскоро да бидам вратена дома кај моите родители. Изведете ме одовде што е можно поскоро. Ве молам“, навела Маја низ солзи.