Велика Британија ќе обезбеди два милиона фунти за помош на суданските бегалци кои бегаат од насилството во западниот регион Дарфур, најави британската министерка за развој Анализ Додс.
Таа наведе дека средствата ќе претставуваат хуманитарен одговор на кризата во тешко достапниот регион Алкфура во источна Либија, каде што според Обединети нации има 45.000 бегалци od Darfur.
ОН тврди дека од почетокот на конфликтот во април минатата година Судан го напуштиле околу два милиона луѓе. Во војната помеѓу армијата и паравоените Сили за брза поддршка, загинале повеќе од 14.000 луѓе, а најмалку 33.000 се повредени.