Поранешниот пратеник Ивон Величковски во „Отвореното студио“ на ТВ21 говорејќи за денешното гласање на Талат Џафери за прв премиер Албанец во државата, посочи дека со тоа е направен еден исчекор.
„Денеска со изборот на Џафери е направен еден исчекор во смисла на вистинско прикажување на достапноста на сите државни функции до сите граѓани на Северна Македонија“, вели Величковски.
Тој вели дека добро е што конечно во Македонија се надминати замките и реториките.
„Ќе ги успокојам граѓаните веднаш и ќе кажам дека утре кога ќе се разбудиме Македонците пак ќе бидат Македонци, Албанците пак ќе бидат Албанци и сите граѓани на Републиката ќе бидат она што се“, додаде Величковски.























