Предлогот за уставните измени е доставен до Владата. Се очекува да биде разгледан на некоја од наредните седници, а до крајот на месецот да биде доставен до Собранието. Премиерот Димитар Ковачевски вчера од Вилнус уште еднаш повтори дека уставните измени се глас за ЕУ и за продолжување на европскиот пат на државата и дека никој нема право да ја изолира државата. Опозицијата останува на одлуката да се прекинат разговорите за уставните измени.

-Предлогот за уставните измени е доставен до Владата и откако таа ќе го разгледа на некоја од наредните седници, меѓутоа не подоцна од крајот на овој месец, ќе го достави до Собранието. Уставните измени се глас за ЕУ и за продолжување за европскиот пат, изјави Ковачевски на прес-конференцијата одржана во Вилнус каде се одржуваше Самитот на НАТО.

Посочи дека уставните измени не се под никаков диктат, туку дека се дел од обврските наведени во Преговарачката рамка што во јули минатата година била усвоена во Собранието без ниту еден глас „против“.

North Macedonia will meet its two percent GDP defense spending target in 2024, in line with the NATO member states' pledge to spend a minimum of 2% of their economic output on defense, Prime

Ковачевски нагласи дека секој има право да се изолира себеси, но не и да ја изолира државата. Останува на ставот дека треба да се отвори дискусија бидејќи се работи за исклучително важна одлука за државата.

– За првпат имаме ситуација во која ветото не доаѓа однадвор, туку одвнатре. Секој има право да се изолира себеси, па дури и да изолира дел од својата политичка партија, но нема право да ја изолира државата. Нивната реторика којашто беше гласна цела една година, на денот на лидерската средба веќе престана да постои. Сите услови на лидерот на опозицијата беа прифатени. Потоа веројатно под некаков притисок, внатрешен или не знам каков, ретерираше во своите ставови, рече Ковачевски.

И министерот за правда Кренар Лога е на ставот дека уставните измени ќе бидат доставени до Собранието до крајот на претстојните десет дена.

– Длабоко верувам дека ова лето ќе имаме уставни измени. Предлогот од наша страна повеќе од две-три недели е во владина постапка. Премиерот заедно со Мицкоски седна и донекаде имаше некаков договор за поддршка, но се добиваше на време за уставните измени да одат во Собрание консензуално. Остануваат уште неколку дена. Верувам дека до крајот на овие десет дена ќе се процесираат и ќе бидат доставени до Собранието. Процесот не е едноставен, бара широк консензус и две третини во Парламентот кои верувам дека ќе се обезбедат, рече Лога.

Тој синоќа изјави оти има информации дека во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за уставните измени.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој е во посета на Вашингтон, смета дека уставните измени ќе бидат тест за политичкиот консензус за ЕУ. На тркалезна маса во Вашингтон, Маричиќ ја истакнал важноста и потребата ЕУ да даде јасен план за нашата европска перспектива да биде и временски извесна, но и видлива со конкретни проекти од кои бенефит ќе имаат граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски викендов во изјава за медиумите соопшти дека  Извршниот комитет на партијата донел одлука да се прекинат сите средби со власта за уставните измени и дека единственото за што може да разговара се предвремени парламентарни избори наесен.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б

– Комуникација со власта немаме, имавме седница на Извршниот Комитет на партијата и донесовме едногласна одлука дека како ВМРО-ДПМНЕ ги прекинуваме сите комуникации официјални на билатерално ниво со претставници од владата. Има само една работа, а тоа е да седнеме и да се договориме околу изборите кога ќе бидат изборите, а како ќе бидат изборите, на кој начин – со техничка влада, немање техничка влада или се она кое што еповрзано од изборите, рече Мицкоски.

Во посета на земјава денеска на иницијатива на високиот претставник за надворешни работи на Европската унија, Жосеп Борел се очекува да пристигнат министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски и министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски.