Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски.

Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица, а за многу скоро очекува остра и брза акција, одговорност и кривични пријави согласно закон.

„Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили“, рече Костовски.

Изрази надеж дека зад овој случај не стои политика. Тој потсети и дека во општината се градат две нови детски градинки, нешто што не се случило никогаш во толку кус период.