Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за забрана на православната црква поврзана со Москва во Украина со одлуката објавена на веб-страницата на украинскиот Парламент.

Зеленски го одобри нацрт-законот, кој беше критикуван од Русија, на денот на независноста на Украина од Советскиот Сојуз и две и пол години од руската инвазија врз државата.