Група украински борбени пилоти неделава пристигнаа во Канада на обука, објави денеска Европска правда.

Канадскиот министер за одбрана Бил Блер на 24-от состанок на Контакт групата за Украина соопшти дека украинските пилоти кои неделава пристигнаа во Канада ќе поминат обука во програмата Fighter Lead-in.

Оваа програма им овозможува на пилотите да ги стекнат основните вештини за управување со борбени авиони.