Амбасадата на Република Украина денеска со пригодна свеченост близу споменикот на Тарас Шевченко во центарот на Скопје, ќе го одбележи 24 Август – Денот на независноста на државата.

Како што соопштуваат од Амбасадата, предвидена е симболична поворка со знамето на Украина до Украинската алеја, по што ќе се обратат вршителот на должност амбасадор на Украина во Република Северна Македонија и претставникот на Здружението на Украинците во земјава „Лесја Украинка“.

Посетителите ќе можат да ја погледнат и изложбата со цртежи изработени од деца од регионот Никопол, кој беше цел на руската агресија. в