ТВ21 објави фотографија од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Арбен Таравари од Коалицијата „Вреди“ на средба во седиштето на оваа коалиција во Скопската Чаршија. Двајцата си подале рака за Владина коалиција после изборите. Како што објави ТВ21, на прашањето што разговарале од Коалцијата Вреди одговориле:

„Поставена е агенда за совладеење, главно насочена кон борба против криминалот и корупцијата. Сите лидери се во целосна координација за средбата, но имаа активности на терен бидејќи се носители на листи во областите“, велат од Вреди за ТВ21.