Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска ќе го посети Брисел за да учествува на состаноци посветени на Палестина,соопшти Министерството за надворешни работи на Турција.

„Состаноците ќе бидат посветени на неодамнешните настани и хуманитарната ситуација во Газа, како и напорите за промовирање на признавањето на државата Палестина од повеќе земји“, се вели во соопштението.

За време на посетата Фидан ќе оствари и билатерални средби.

Шефот на турската дипломатија последен пат го посети Брисел на 3 и 4 април за да учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.