Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло, во која загинаа 61 лице.
„Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа“, се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.
Патнички авион со 61 патник и членови на екипажот се урна вчера во местото Вињедо, во близина на Сао Паоло, и нема преживеани. Според информациите на превозникот „Voepass Linhas Aéreas“ се работи за турбо-лесен авион АТР-72 што се урнал меѓу Каскавел и Гуаруљос.