Рацин.мк следеше дел од турнејата на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска која во повеќе општини го презентираше Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, кој како проект на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на Светска банка има за цел да опфати поголем број општини и лица за кои социјалните услуги значат подобрување на квалитетот на нивниот живот.
За време на средбата со Здружението на пензионери во Крушево разговаравме со министерката за проектите на Министерството за труд и социјална политика, како и за придобивките од новиот модел за усогласување и раст на пензии согласно трошоците за живот и растот на просечната плата.
Рацин.мк: Дали моделот за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и трошоците за живот што го воведе Владата на СДСМ и владината коалиција ги даде очекуваните резултати?
Тренчевска: Грижата за нашата највозрасна популација, пензионерите е еден од приоритетите на Владата на Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. За тоа потврдува и фактот, што една од првите мерки кои ги реализиравме од доаѓањето на овој владин состав е растот на пензиите со цел подобрување на квалитетот на живот на старите лица.
Заедно со претставниците на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Партијата на пензионерите и ние како Влада, го отворивме прашањето за изнаоѓање на најсоодветно решение за постојан раст на пензиите преку воспоставување нова методологија.
Заеднички дојдовме до најсоодветното решение а тоа е пензиите да се усогласуваат со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот.
После една година од нејзиното усвојување заклучокот е дека овој начин на усогласување на пензиите е најреален. Затоа што ги следи двата клучни индикатори: трошоците за живот и просечната плата.
За сметка на оваа нова методологија пензиите растат во континуитет. Да потсетам дека согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9 отсто. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21 отсто. Во Септември 2022 година- 6.8 отсто, Март 2023година – 8.4 отсто и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто.
Тоа е раст на пензиите од околу 21 отсто или раст за околу 24 отсто од јануари 2022 до септември 2023 година. Односно за времето од овој владин состав.
Резултатите се потврда дека оваа Влада предводена од СДСМ и коалицијата носи политики од кои директни придобивки имаат граѓаните.
За сметка на оваа нова методологија пензиите растат во континуитет. Да потсетам дека согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9 отсто. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21 отсто. Во Септември 2022 година- 6.8 отсто, Март 2023година – 8.4 отсто и моменталната проекција за Септември 2023 година- најмалку 6 отсто.
2. Може ли да ги споредите придобивките од овој модел со начинот на кој претходно ВМРО-ДПМНЕ ги усогласуваше пензиите?
Во времето од 2006 година до 2013 година, пензиите се усогласуваа два пати во годината, и тоа месец јануари и јули.
Во 2014 година, редовното законско усогласување беше ставено вон сила и се вршеше линеарно усогласување во фиксен износ од 600 денари еднаш годишно. Во 2015 год, еднаш годишно фиксен износ 621 денар и во 2016 год, еднаш годишно фиксен износ 654 денари.
Во 2017 почнува да се врши редовното усогласување на пензиите два пати во годината според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Северна Македонија во висина од 50%, кое беше ставено вон сила во претходните три години и тоа 2014,2015 и 2016 година. За овие три години (2014, 2015 и 2016 година) пензиите не се усогласуваа два пати годишно согласно порастот на трошоците за живот и плати, бидејќи беше замрзнато законското усогласување, туку се даде фиксен износ на зголемување на пензиите.
Од јануари 2019 година редовното усогласување пензијата се врши два пати во годината, од 1 јануари и 1 јули секоја година само според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот и тоа 100 отсто, во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи, кои ги објавува од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на пензијата.
Во декември 2019 година, покрај редовното законско усогласување на пензиите се предвиде уште едно дополнително усогласување на пензиите, поврзано со порастот на бруто домашниот производ. Дополнително усогласување се врши во случај кога има пораст на минималната плата во тековната година за повеќе од 15% и пораст на просечна плата во претходната година за повеќе од 5%, покрај редовното усогласувањата и усогласувањето поврзано со порастот на бруто домашниот производ, Владата на Република Северна Македонија може да се изврши дополнително усогласување на пензиите во процент не повисок од порастот на просечната плата во претходната година.
Во согласност со ова законска одредба, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за дополнително усогласување на пензиите за 2020 година сметано од 1 јануари 2020 година во висина од 5% од вкупниот износ за исплата на пензиите за јануари 2020 година, односно пензиите заклучно со декември 2019 година беа усогласени во износ од 722 денари.
Во март 2022 година, на иницијатива на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, Владата на Република Северна Македонија ја измени методологијата за усогласување на пензиите. Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување се предвиде нов начин на усогласување на пензиите, при што за усогласувањето на пензиите покрај растот на трошоците на живот се зема предвид и растот на просечната плата. Со овој начин на усогласување на пензиите се овозможува реален пораст на пензиите во однос на платите, односно како што ќе порасне просечната плата, во континуитет ќе растат и пензиите.
Ова покажува дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите беа ставени во незавидна положба и на волјата на политичката партија на власт, да одлучува за висината на нивните пензии. Со доаѓањето на Владата предводена д СДСМ, пензиите ги следат реалните показатили за раст на пензиите.
Ова покажува дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите беа ставени во незавидна положба и на волјата на политичката партија на власт, да одлучува за висината на нивните пензии. Со доаѓањето на Владата предводена д СДСМ, пензиите ги следат реалните показатили за раст на пензиите.
3. Какви се проекциите за процентот на покачувањето на пензиите во септември
Како што веќе напоменав погоре, проекциите за порастот на пензиите во месец септември, согласно усогласувањето кое се прави два пати во годината, односно во март и септември, за месец септември е 6 отсто согласно пресметките за трошоците за живот. Но, да напоменам дека потребен е и другиот индикатор, тоа е просечната плата, податок кој ќе го добиеме крајот на месец август. Тогаш ќе ја имаме точната пресметка колку ќе биде овој процент и јавноста ќе биде информирана.
4. Дали граѓаните корисници на пензии треба да стравуваат за системот за обезбедување на одржливоста на пензискиот фонд?
Суштината на реформата во пензискиот систем е обезбедување на негова стабилност, навремена исплата на пензиите и нивни раст. Пензискиот систем е ефикасен и стабилен, пензионерите не треба да се грижат, редовната и предвремена исплата ќе продолжи и понатаму. Трансферот од централниот буџет кон Фондот, секоја година се намалува, што исто така укажува дека имаме стабилен пензиски систем, бидејќи Фондот сам генерира приходи. Тоа пак, значи дека се отвораат нови работни места за кој се плаќаат придонеси, и на тој начин се полни пензискиот фонд.
5. Изминатите три години Владата се справуваше со повеќе кризни ситуации, но исплатата на пензиите никогаш не беше доведено во прашање? Како се обезбеди тоа?
Кризата, пред сѐ здравствена, а потоа и економската, го погоди целиот свет. За жал не бевме ниту ние како држава изолирани. Но, она кое што како одговорна Влада го направивме беше поддршка за граѓаните и компаниите преку неколку пакети антикризни мерки. Важно беше да се мапираат најпогодените сектори и да се помогне. За да се исплаќаат пари од државната каса, потребни се и редовни уплати на придонесите од реалниот сектор. Токму затоа помошта и поддршката ја насочивме кон најзагрозените сектори односно кон реалниот сектор. Поддршка добија и најранливите корисници, на Гарантирана минимална помош, лицата со попреченост, самохраните родители, стечајните работници и пензионерите. Клучни беа анализите кои укажуваа каде да се помогне, и така ги креиравме и мерките. Во време на криза покрај редовни и предвреме исплатени пензии, обезбедивме и дополнителна финансиска помош за пензионерите.
Со цел опфат на што поголем број општини и лица за кои социјалните услуги значат подобрување на квалитетот на нивниот живот, Министерството одлучи да објави нов, втор јавен повик за локалните заедници кои досега не се пријавиле, тоа да го направат, а на ова претходеше и презентација на Проектот во повеќе градови низ државата.
6. Кои се другите социјални услуги за пензионерите за унапредување квалитетот на живот на овие граѓани?
Проектот за подобрување на социјалните услуги на локално ниво, кој е проект на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на Светска банка, продолжува.
Во рамките на првиот повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво, 22 проекта во 27 општини добија финансиска поддршка преку овој проект. Најголемиот дел од нив или 16 се за помош на нега на стари лица во домот, три се дневни центри за деца со попреченост, а по еден проект е наменет за помош на стари лица во дневен центар и рехабилитација и регенерација на лица со попреченост во локалната средина со услуги за советување. Преку овие услуги опфатни се повеќе од 500 корисници, а дополнителна придобивка е што лицата кои се ангажирани за реализација на овие проекти се од социјално ранливи категории, кои претходно поминаа стручни обуки.
Со цел опфат на што поголем број општини и лица за кои социјалните услуги значат подобрување на квалитетот на нивниот живот, Министерството одлучи да објави нов, втор јавен повик за локалните заедници кои досега не се пријавиле, тоа да го направат, а на ова претходеше и презентација на Проектот во повеќе градови низ државата.
Нови 12 проекти кои ќе се спроведуваат во 17 општини беа избрани по вториот јавен повик за спроведување на социјални услуги.
Вложуваме средства и во изградба и опремување на домови за стари лица, како што е последната инвестиција во Домот за стари лица д-р Иван Влашки, во Берово, каде што Министерството неколку пати досега инвестираше во проширување на капацитетите и опремување на истиот, а во фаза на изработка на основен проект се домови за стари лица во Крива Паланка и Пробиштип.
Продолжуваме да креираме мерки и политики кои ќе бидат наменети за пензионерите и кои ќе значат помош и поддршка и во наредниот период.
Превземено од Рацин.мк