Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во утринската програма на МТВ изјави дека зад протестите на пензионерите стои ВМРО-ДПМНЕ и дека тие не биле спонтани.
„Ако ги погледнеме сите оние (учесници н.з.) низ градовите кај што има протести на пензионерите, ќе ги видиме во иницијативи, во одбори, родители на високи функционери во ДПМНЕ или пак и самите се членови на телата во партијта. Тоа укажува дека не се самоорганизирани, не е спонтана реакција на пензионерите, туку дека зад овие протести стои токму ДПМНЕ се со цел да направат хаос во општеството“, изјави министерката во разговор за утринската програма на МТВ
Таа најави дека денеска ќе има состанок со Сојузот на пензионери, кое, како што посочи, е легитимно тело кое се грижи за 330 000 пензионери и со кое досега биле договорени сите мерки низ дијалог и флексибилност од двете страни. Инаку, на вчерашниот протест пензионерите, меѓудругото, побараа и укинување на Сојузот на пензионери