Професорката по пијано на Факултетот за музичка уметност, Сара Пројковска, која беше придружен вокал во групата „ДНК“, го загуби животот во пожарот во дискотека во Кочани, потврди Факултетот за музичка уметност.
Нејзината колешка Ана Костадиновска, која е придружен вокал за „ДНК“ и предава во средно музичко училиште, е во стабилна состојба и се лекува дома, потврди нејзиното семејство.
Пројковска беше самохрана мајка на две деца.
Таа во текот на својата кариера пееше придружни вокали за речиси сите поп пејачи во Македонија. Нејзиниот поранешен сопруг, џез-трубач и професор по труба, Александар Николовски, почина во 2021 година на 48-годишна возраст.