-Македонска пошта е доведена во тотален хаос и македонска пошта е доведена на раб на опстојување, вели Боро Велигденов од Синдикатот на Македонска пошта, кој воедно рече дека вработените во Македонска пошта во сите подружници во државата излегоа на протести.

Како што велат тие, плата се уште немаат земено, а ниту знаат кога ќе ја добијат, бидејќи менаџерскиот тим нема одговор на ова прашање. Македонска пошта, според обвинувањата на вработените е доведена во тешка финансиска ситуација, а за ова виновни се лошите менаџери кои биле поставувани како партиски кадри.

Опстојувањето на Македонска пошта е доведено под знак прашалник. Побараа итна средба со новата Влада, да се спаси оваа компанија. Бараат целосна реорганизација и систематизација на работните места.