Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов го посетија опожареното светиниколско с. Немањици.

Како што соопшти ЦУК, тие ги посетија локалните жители кои ги раскажаа своите траорни сведоштва за пожарот кој зафати неколку куќи во ова овчеполско село како и за штетата која ја имаат претрпено.