Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 39 степени.
Според прогнозата на УХМР, денеска и во текот на претстојната работна седмица во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на
невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
-Минималните температури ќе се задржат високи, а дневните од вторник ќе бидат во опаѓање, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.