На Тиквешкото Езеро денеска со чамци се реализира „Тиквешката винска езерска регата“ во организација на Здружението „Винотек”, кое се залага за промовирање на производите од грозје и развој на винскиот туризам.
– Според агендата, учесниците на регатата ќе го посетат Полошкиот манастир ,,Свети Ѓорѓи”, ќе го разгледаат и ќе се запознаат со неговите историја и значење. Планирана е и посета на Бегнишкиот залив и пештерската црква ,,Свети Лазар”, појасни за МИА, Јован Еленов, претседател на Здружението со седиште во Кавадарци.
При крајот од денот, на агендата за настанот се и посета на месноста Моклиште и споменикот изграден во чест на 12 Ваташки младинци, како и манастирот „Свети Никола” во Ваташа.
Настанот ќе заврши со музички хепенинг.