Мотоциклист од кавадаречко Возарци се здобил со тешки телесни повреди по пад на коловоз, кај Тиквешко Езеро, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Синоќа во 22.30 часот во Полициската станица – Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат, брана ХЕЦ Тиквеш – село Возарци, 31-годишниот Д.М., управувајќи мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во кавадаречката Општа болница, појаснија од СВР – Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР – Кавадарци.