Обврзниците кои царината ги заплени кај турски државјанин на скопскиот аеродром не вредат 92 милиони долари бидејќи се со истечен рок и нивниот сопственик е починат, тврдат за Телма извори од истрагата.
Станува збор за корпоративни обврзници на компанија регистрирана во една од омилените оф шор дестинации- Бахамите, а нивниот сопственик починал уште во 2015 година. Тие не котираат на ниту една берза и се безвредни.
Директорот на Царината, Стефан Богоев, цариниците морале да го задржат турскиот државјанин и обврзниците бидејќи ги немал пријавено како што налага законот.
Тој е дециден дека без разлика дали обврзниците имаат или немаат вредност истрага е отворена а со запленувањето на аердормот е спречено кривично дело бидејќи со нив можело да се стори измама или пак перење на пари.
Превземено од Телма