И денес неговата количка беше празна, како и повеќето денови во неделата. Седнат во ќош, Фуат Беќири го минува денот чекајќи некој да го ангажира да ги транспортира купените производи од пазар до паркираниот автомобил. Но, поради високите цени, граѓаните го скратиле списокот за пазарење и многу малку од нив имаат потреба од оваа услуга, па затоа дневниот приход на Беќири од околу 2000 денари, колку што беше некогаш, денес едвај достигнува 400 денари.

„Носам роба, со количка, со домати, чај, ме викаат муштерии, 100 денари добивка,… Сега ретко купуваат, повеќе не добиваме… Сега послабо е, послабо…“, вели Фуат Беќири, работник.

Беќири вели дека со својата количка работи веќе 30 години, а истата услуга ја нуди и неговиот брат. Поради економската криза последниве години едвај врзуваат крај со крај.

Целата Сторија на Алсат.мк