Утре е денот „Д“ за М-НАВ – или ќе бидат разрешени директорите, или Контролата на летање ќе го затвори воздушниот простор над Скопје.

Ова е пораката која што претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски ја испраќа пред одлуката на Владата, која што на седница во вторник се очекува да пресече околу случувањата во М-НАВ, откако директорите коишто беа прозвани од синдикатот, сами не поднесоа оставки на своите функции, пренесува Дојче Веле.

Според синдикатот, оставките се логична последица на случувањата од минатата недела, кога се случи упад и физички напад во Контролата на летање, што резултираше со  кривична постапка против неколку лица.

„Се надеваме дека сето ова што се случи ќе резултира со разрешување на директорите во М-НАВ. Во спротивно покажуваат дека и во Владата не им е битно ништо освен фотелјите“, вели Тасевски за ДВ. 

Од оставките зависи и понатамошниот развој на ситуацијата. Ако не бидат разрешени директорите, синдикатот порачува дека нема друга опција, освен да се затвори небото над Скопје од среда (10 јануари), пред сè заради безбедноста на патниците. Штрајкот би траел се до исполнување на нивните барања.

Целата вест на Дојче Веле