Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, по состанокот на Коалицијата Вреди, во одговор на новинарско прашање за политичката реторика, истакна дека опозицијата дејствува агресивно.
-Вчера имаше собир на ДУИ во Гостивар и искрено изгледот на господинот Ахмети е разочарувачки и депресивно меѓутоа треба да се навикнат полека. Јас ги охрабрувам да бидат позитивна опозиција да бидат како што им прилега. Уште сметам дека господинот Ахмети е паметен човек и ќе знае да работи убаво во опозиција. Ја им посакувам добри опозициски денови и здравје. Меѓутоа почна некако многу агресивно првите три недели некако се им пречи не можат да се навикнуваат треба време, ќе се навикнат и после 100 дена. Да ни дадат 100 дена оти зашто се што не критикуваат било што да се каже веднаш три-четири реакции што не ни изгледаат дури ни демократски. Треба 100 дена после 100 дена тука сме и да не критикуваат и да ни кажат што е сработено добро, истакна Арбен Таравари.
Во Тетово коалицијата „Вреди“ денеска одржа состанок на политичко координативно тело коалицијата. Според Биљал Касами од Движење Беса, ова е во насока на хомогенизација на нивните структури.
ДУИ синоќа во Гостивар одржа генерален состанок на којшто усвои три резолуции – Легитимитет, Резолуција за неопходноста од спроведување на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство, заедно со уставните измени, Резолуција за политичка организација на ДУИ. Во оваа преамбула на ДУИ од 10 страници, меѓу другото, се наведува дека „непочитувањето на легитимитетот на Албанците ќе ја намали потребата од политичко организирање на Албанците во Македонија, враќајќи не во ситуации кои историјата ги одбележала како периоди на кршење на правата на Албанците