Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во гостувањето во ClickPlus на ТВ21, зборувајќи за тоа што во моментов и треба на Северна Македонија, тој рече дека периодот низ кој минува државата е најважниот од осамостојувањето.

„Ние сме сега на поважна раскрсница од 90-тите, од осамостојувањето“, рече Таравари.

Тој понатаму рече дека Албанците дале придонес во овие важни периоди, бидејќи биле конструктивни.

„Албанците беа многу поконструктивен фактор и го сакаа доброто на оваа земја многу повеќе од Македонците… Македонците се однесуваа многу себично и целта им беше да останат на власт. Како да урнеме мнозинство и да дојдеме на власт“, ​​кажа Таравари.