Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека од 7 октомври, од почетокот на војната со Израел загинале 9.770 луѓе, од кои 4.800 се деца.

Во соопштението се наведува дека помеѓу убиените 2.550 се жени.

Во Израел од почетокот на нападот на Хамас загинаа повеќе од 1.400 луѓе, а околу 240 се киднапирани и одведени во Појасот Газа.

Додека Министерството за здравство на палестинската управа на окупираниот Западен Брег соопшти дека од 7 октомври досега се убиени 152 Палестинци, а 2.100 се повредени.