Седум лица загинаа, а најмалку 736 се повредени во силниот земјотрес што утрово го погоди Тајван, соопштија локалните власти. Сите смртни случаи се во округот Хуалиен.Земјотресот со јачина од 7,2 степени предизвика уривање на неколку згради во Хуалиен, градот најблиску до епицентарот, каде што се во тек спасувачките операции. Според информациите од локалните медиуми, десетици лица останале затрупани под урнатините.