Турскиот претседател Ердоган се согласи да го поддржи влезот на Шведска во НАТО, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека пристапниот протокол се започнува и дека Турција потврдила дека ќе го ратификува влезот на Шведска.
-Ова е историски чекор што ги прави сите сојузници на НАТО посилни и побезбедни, рече Столтенберг.