Нема кривична за директорката на Мерко со средно образование во Струга, нема кривична за директор на Испитен центар што немаше испити речиси две години и поништи испити на над 110 кандидати, нема кривична за прескокнат септември во школо заради матни зделки, нема кривична за воопшто немање учебници за ученици и принтање скрипти од ДУИ, нема кривични за погрешни учебници што минале цел филтер во образование, нема кривична за неизработена платформа за онлајн настава. Се е ова скандали и злоупотреби во образованието од ДУИ и СДС, но кривична нема, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој меѓудругото на прес конференцијата изјави:

Ама затоа има кривична за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што во тој период кога сопреа со работа за лиценци за директори, именувал ВД директор во училиште без директорски испит, затоа што две години нема или се поништува директорски испит.

Е ова е хунтата на дело во паника.

Кривичната пријава за Папазов доаѓа кога ДУИ и СДС е во паника, во време кога Јовески безгласниот обвинител не смее да писне за Мерко и дури организираше систем во насока на негова одбрана, Абази, ЈО за организиран криминал, кому Али му седи над глава, не смее да писне за Соравија, не смее да писне за Груби, не смее да писне за Мерко, дури и со ДКСК се скара и престана да комуницира. Ама затоа има кривична, и тоа од Главниот на пасошкото мафијашко одделение, Оливер Спасовски за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ. Оливер Спасовски кој што посакува кандидатура за претседател на државата.

Почитувани, ова е срамно, ова е одраз на очајната состојба во која се наоѓаат ДУИ и СДС.

Ова е чист политички прогон за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.

Ги боли градоначалникот на Кочани, Папазов затоа што работи, ги боли ВМРО-ДПМНЕ затоа што направи очигледна разлика, ги боли тоа што над 85% од народот ги смета за најголема грешка и не поддржуваат уставни измени.

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците нема да застанат со работа во корист на народот, работеле и ќе работат, вклучително и Папазов во Кочани.

Познати се мотивите познати се и идејните творци на овој политички прогон и наскоро ќе има одговорност.

Прашање: Владејачките партии објавија Манифест заради обединување околу европската иднина. Повикуваат и на гласање за уставните измени. Дали ВМРО ДПМНЕ е подготвено да се вклучи во обединувањето околу членството во Европската Унија? Дали за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив ваков документ и ваков национален консензус кој што веќе беше побаран од Ковачевски?

Одговор: Со овој чекор власта уште еднаш ја испушта можноста за консезус. Имено седнале Бујар Османи, Артан Груби и можеби Бојан Маричиќ напишале документ кој го насловиле манифест и откако самите го дефинирале го пуштаат во форма на соопштение преку сервисната служба на СДС до јавност со повик ВМРО-ДПМНЕ да прифати веќе напишан документ. Освен тоа што со овој чекор тие признаваат дека не мрднале ниту милиметар во насока на остварување на стратешките интереси на државата, тие покажуваат и отсуство на целосен капацитет за градење на консензус. ВМРО-ДПМНЕ откако официјално ќе го добие тој документ, ако воопшто има основа за разгледување, ќе го изанализира и ќе излезе со свој став.

Прашање: Кој е вашиот став по однос на препораките од ЕК за Балансерот?

Одговор: После 22 години ДУИ на власт, за Албанците многу  по потребно од Балансерот е ДУИ да замине во опозиција.