Кадрите на СДС и ДУИ во судството го пуштија Блерим Рамадани да избега, неопходни се итни реформи во судството.

Пајазит Пајазити, судија близок до ДУИ и СДС го пушти Блерим Рамадани во куќен притвор, за лесно да избега.

Пајазит Пајазити е истиот судија кој одлучуваше и за упадот во кулата за летање на аеродромот, и за условната пресуда на Иџет Мемети во случајот со поткуп.

Секогаш кога СДС и ДУИ имаат интерес тука е Пајазит Пајазити.

Бараме институциите веднаш да отворат постапки и Пајазит Пајазити да биде разрешен од функцијата судија.

Инсталациите на СДС и ДУИ во судството мора да го ослободат системот, за тој да може да функционира. Одговорност за Пајазити веднаш.

Прес-конференција на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________