-Пендаровски се има изјаснето на оваа тема. Прашањето е дали ДПМНЕ го промениле ставот?
На овој начин одговорија од кабинетот на Пендаровски, на прашањето за ставот кој што го наметнуваат албанските партии, изборот на претседател во иднина да се врши во Собранието, а не на избори.
Артан Груби во гостувањето во Сител изјави дека гласовите на ДУИ од првиот круг од претседателските избори, ќе одат кај оној кандидат или партија, која ќе прифати уште сега, изборот на претседател во иднина да се врши во Собранието.