Честитка по повод големиот православен празник, Христовото раѓање-Божик и утрешниот ден Бадник, ден пред Христовото раѓање, до верниците упати Сојузот на Македонците со исламска религија.

– Сојузот на Македонците со исламска религија на сите православни христијани им ги честита Бадник и Божик, со желби за многу здравје, среќа и бериќет, стои во честитката потпишана од претседателот Латиф Пајкоски.

Ви посакуваме, се додава, во спокојство и хармонија да ги поминете празничните денови со најблиските, со  роднините, пријателите и соседите, потсетувајќи на вековниот соживот и хармонија, со желби за „негување како светот на истите, на кои се гордееле нашите предци“