Во рамки на проектот„Дете за дете“ што беше инициран и  започна во ноември од  средношколци од повеќе градови од Повардарието сместени во Ученичкиот дом „Лазар Лазараевски“ попознат како Интернат во Велес тие подготвија новогодишни пакетчиња , кои  денеска им ги  поделија на дечињата кои моментално се на лекување во Детското одделение при велешката Општа болница во Велес. Тие ги израдуваа дечињата и им посакаа брзо оздравување,  информира за МИА Марјанчо Јорданов, директорор на Интернатот.

Воедно средношколците од велешкиот Интернат утре пакетчиња ќе им поделат, а пред се’ ќе се дружат со младите кои го посетуваат  Дневниот центар за лица со посебни потреби.Тие најавија дека  ќе чуваат и новогодишно пакетче за првото родено бебе во новата 2024 година во  Велешката болница.

Проектот започна со подготовка на убаво украсени и вкусни   ситни колачи изработени од учениците од  домот, а  кои учат во угостителската струка во ССОУ „Коле Неделковски“, кои потоа ги однесоа и им ги поделија на  учениците од Основното училиште со Ресурсен центар„Маца Овчарова“ во Велес ги израдуваа и се заедно се дружеа.

– Јас сум горд на иницијативата за хуманост „Дете за дете“ која на дело  ја искажаа сите ученици сместени во Ученичкиот дом „Лазар Лазаревски “ и нека биде пример  за вакви и други  иницијативи на  хуманости   и за останатитен ученици од ученичките домови и училишта во земјава, потенцира Јорданов.